ФФМ ќе ги реновира стадионите во Кочани и Турново и теренот во Драчево

Од:

Фудбалската федерација на Македонија обезбеди наменски средства за реконструкција на стадионите во Турново, градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани и теренот во скопската населба Драчево.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, објасни дека УЕФА и ФИФА беа запознаени со штетите предизвикани од поплавите во нашата држава, а Европската и Светската фудбалска асоцијација во соработка со ФФМ издвоија средства за реконструкција на стадионите и терените.

– Видовме какви штети предизвика невремето и поплавите и драго ми е што во УЕФА имаа слух, а ФФМ секогаш ќе ја помага својата база. Најважно е што на тие терени повторно ќе се игра фудбал. Состојбата на стадионите ја уочивме после поплавите. Тогаш е направен предпроект за обнова и се пријавивме за средства од УЕФА и ФИФА. Тоа се строго наменски и служат за санација на терените и стадионите,изјави Филип Поповски.

На стадионот во Турново во тек е реновирање и прилагодување на соблекувалните, потоа реконструкција на кровот, а се гради и нова допинг просторија. По финализирањето на реконструкцијата стадионот ќе ги исполнува условите за одигрување натпревари од висок ранг.

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани во тек е реконструкција и санација на теренот, спуштање на хидромеханичка опрема во постоечкиот бунар и подготовка на траса за поставување на нова хидрантна мрежа на фудбалскиот терен. Во оваа фаза се монтира опремата за автоматизирано наводнување на теренот, поврзување на пумпните места и поставување на водени топови за автоматско наводнување на теренот.

На теренот во Драчево изработена е санитарна мрежа од артериски бунар, а во втора фаза ќе биде извршено ѓубрење на теренот.

Паралелно, ФФМ во соработка со УЕФА и ФИФА работи на проекти за реконструкција и на останатите терени и стадиони кои имаа штети предизвикани од поплавите.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски