ФФМ го префрли Вардар Форино во најнизок ранг

Од:

Тековното првенство во Втората македонска фудбалска лига – Запад ќе се доигра со девет екипи, откако Фудбалската федерација на Македонија, соопшти денеска дека тимот на Вардар Форино е дисквалификуван од натамошното натпреварување.

Одлуката е донесена поради неоправдано непојавување на фудбалерите на Вардар од Форино на натпреварот од 17. коло против Гостивар закажан на 27. февруари.

Надлежната комисија на ФФМ, како што е соопштено, неодиграниот натпревар го регистрираше со службени 3:0 за Гостивар, а екипата на Вардар Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување при матичниот Општинскиот фудбалски сојуз на Гостивар.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски