ФФМ донираше опрема за женските лиги

Од:

Фудбалската федерација на Македонија им донираше спортска опрема и фудбалски топки од германскиот производител – „ЈАКО“, на екипите од Првата женска лига. Во соработка со ФИФА, ФФМ за новоформираните младински екипи во повеќе категории во женскиот фудбал обезбеди донација од дресови, шорцеви, чорапи, копачки, фудбалски топки – „АДИДАС“.

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на десет екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

– Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои имаат намера да придонесуваат за развој на женскиот фудбал во Македонија. Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалната кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност и до ФИФА за поддршката која тие ја дадоа – истакна генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски