ФФМ донираше опрема на фудбалската паралелка во Прилеп

Од:

Фудбалската федерација на Македонија донираше 24. комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и  „ЈАКО“ фудбалски топки на паралелката од Прилеп.

– Детерминирани да бидат базата што ќе овозможи добар старт за успешна спортска кариера, ФФМ ги демонстрира своите заложби преку платформата за унапредување на спортот и подигнување на спортскиот дух кај младите, а еден од предвидените проекти е и донација на 24 комплета опрема и фудбалски топки за паралелката од Прилеп, соопштија од ФФМ.

Од федерацијата додаваат дека акцијата на донирање спортска опрема има долгорочна цел активно да ја стави својата експертиза во служба на фудбалот, да се ангажира во привлекувањето на што е можно повеќе млади луѓе, да промовира идеи, да го штити угледот на фудбалот и да одржува односи со клубовите и младите фудбалери врз основа на правичност и чесност, почитувајќи го нивниот талент и идентитет.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски