Фернандез МВП на колото во Евролигата

Од:

Играчот на Реал Мадрид, Руди Фернандез е прогласен за најкорисен кошаркар во 6.коло од ТОП 16 фазата на Евролигата. Тој во победата над ЦСКА Москва имаше учинок од 34 индексни поени, четири повеќе од неговиот соиграч Џејси Керол, а трет во ова коло беше Марко Поповиќ од Жалгирис со 29 индексни.

Ова коло се комплетираше синоќа со одигрувањето на три натпревари: Уникаха Малага – Анадолу Ефес 73:78, Каха Лаборал – Химки 71:83 и Пнатинаикос – Бросе Баскетс 76:73.

Постигнати резултати на натпреварите одиграни во четвртокот: Жалгирис – Алба Берлин 92:56, Бешикташ – Макаби 55:77, Реал Мадрид – ЦСКА Москва 88:78, Олимпијакос – Фенербахче Улкер 82:71 и Барселона – Монтепаски 85:66.

Табела Е група: Реал Мадрид 6-0 (победи-порази), Анадолу Ефес 5-1, ЦСКА Москва 4-2, Панатинаикос 4-2, Жалгирис 2-4, Уникаха Малага 2-4, Алба Берлин 1-5, Бросе Баскетс 0-6.

Табела Ф група: Барселона 5-1 (победи-порази), Монтепаски 5-1, Химки 4-2, Каха Лаборал 4-2, Олимпијакос 3-3, Макаби 2-4, Фенербахче Улкер 1-5 и Бешикташ 0-6.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он