Фереро: За Новак останав без зборови

Од:

Тренерот на Карлос Алкараз, Хуан Карлос Фереро е воодушевен од играта на светскиот тенисер број еден.

Јас сум без зборови кога е во прашање пофалбата на Новак. Се лигавам гледајќи го! Начинот на кој се движи и ја удира топката е невиден. Кога е ментално мотивиран и не е расеан од други работи, тој е феноменален. Начинот на кој го диктира темпото во вжештените моменти од натпреварот е нешто уникатно. – рече за него на радио „Ел Ларгуеро“ и продолжи:

– Новак има импресивен квалитет, а во исто време те става под притисок во секое време. Нема ниту еден пат да промаши шут двапати по ред во текот на целиот натпревар. Во тој аспект тој доживеа совршенство. Тоа само ви покажува колку силен сака да биде и колку всушност е добар.

Тој истакна дека Новак го смета за најдобар тенисер во историјата.

Повеќе вести од спорт

– Мора да го следите патот. Покрај сите тие бројки, тој е најдобар според мене, но се е комплицирано, без сомнение. Можете да го сакате Роџер Федерер за неговиот стил на игра или Рафаел Надал за неговата посветеност и се што направил. Заслугите на Новак се немерливи, за мене тој е најдобар во историјата.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Предраг Петровиќ

Новак се откажува од Ролан Гарос

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ