Светскиот рекет број 5 Давид Ферер е прогласен за најдобар шпански тенисер во оваа година.
Исто како и Рафаел Надал, Ферер ова признание го доби два пати бидејќи претходно најдобар беше и во 2006. година.
„Оваа сезона беше најдобра во мојата кариера и никогаш нема да ја заборавам од многу причини. Штета што загубивме во финалето на Дејвис купот, но кога се борите најдобро што можете и прифатите дека ништо повеќе не можевте да направите, тогаш поразите се и помалку болни“, изјави Ферер.
Ферер во 2012. година имаше скор од 76 победи и 15 порази, освои седум турнири.
Врвот во сезоната беше неговиот триумф во Париз со што ја освои првата Мастерс титула во кариерата.