Во вториот меч во групата Б, на завршниот Мастерс во Лондон, Давид Ферер го совлада Дел Потро со резултат 6:3, 3:6, 6:4.
Шпанецот кој во неделата триумфираше на Мастерсот во Париз, уште еднаш покажа дека можеби е најдобро физички подготвен тенисер во моментов.
Само два дена по освојувањето на првиот Мастерс во кариерата, одигра уште еден напорен меч, кој траеше два часа и 17 минути.
Ферер сега е во добра ситуација да помине во полуфиналето. До крајот на групната фаза му преостануваат дуелите со Федерер и Типсаревиќ.