Давид Ферер го освои Мастерсот во Париз, откако во финалето го победи Јержиј Јановиќ со 2:0, по сетови 6:4, 6:3.
Борбениот Шпанец дојде до највредната победа во кариерата, поради тоа што ова му е прва титула на турнир од Мастерс серијата во кариерата.
Непознатиот до овој турнир, Јановиќ немаши сили за уште еден подвиг во финалето, но сигурно ќе биде презадоволен. Само на овој турнир тој заработи повеќе пари од вкупно досега во кариерата, а од понеделник ќе биде и меѓу првите 30 на АТП листата.