Феникс поуспешен од ЛА Лејкерс

Од:

Кошаркарите на Феникс ноќеска ја остварија третата победа во серија откако пред своите навивачи го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 120:101.

Најдобар поединец на дуелот беше Брендон Најт, кој го оствари својот прв „трипл-дабл“ во кариерата со 30 поени, 10 скокови и 15 асистенции.

Кај победничкиот тим дури седум играчи имаа двоцифрен учинок, а гостите лошото издание го „заокружија“ со 17 грешки.

На ноќеска одиграните дуели 11.от пораз го доживеа Филаделфија, која е единствената екипа без победа во новата сезона од НБА лигата.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Филаделфија – Далас 86:92,
Чикаго – Индијана 96:95,
Хјустон – Бостон 95:111,
Мемфис – Оклахома Сити 122:114,
Сан Антонио – Портланд 93:80 и
Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 120:101.

Пласман Источна конференција: Кливленд 8-2 (победи-порази), Чикаго 7-3, Атланта 8-4, Мајами 6-3, Торонто 7-4, Бостон 6-4, Индијана 6-5, Вашингтон 4-4,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 11-0, Сан Антонио 8-2, Далас 7-4, Феникс 6-4, ЛА Клиперс 6-4, Оклахома Сити 6-5, Јута 5-5, Мемфис 6-6,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on