Феникс откажа, завршницата од првенството во М14 ќе се одигра во „Јане Сандански“

Од:

Екипата на Феникс 2010 која пред една седмица победи на лицитацијата одржана во просториите на Македонската кошаркарска федерација за организирање на завршницата од првенството во возрасната категорија до 14 години, се откажа од истото, информираа од МКФ.

Федерацијата ќе биде организатор и на овој „фајнал фор“ турнир кој ќе се одигра на 7 и на 8 јуни, во истите термини, но наместо во спортската сала „Методија Андонов – Ченто“ натпреварите ќе бидат одиграни во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром и Партизан Водно Санс се екипите кои ќе го одлучат шампионот во М14 возрасната категорија.

Во рамки на првата полуфинална пресметка, МЗТ Скопје Аеродром ќе си ги одмери силите со Партизан Водно Санс додека Феникс 2010 ќе се пресмета со Вардар.

Првата полуфинална пресметка ќе започне во 17:30 часот додека втората ќе започне во 20:00 часот.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска