Фени и МЗТ Скопје ја сочинуваат првата полуфинална двојка во купот

Од:

Со победата над Работнички од 93:89 екипата на Фени Индустри се пласира во полуфиналето на „Фајнл еит“ турнирот од кошаркарскиот Куп на Македонија.

Противник на кавадарчани ќе им биде тимот на МЗТ СКопје Аеродром кој ја брани титулата освоена лани.

На вториот четвртфинален дуел одигран синоќа во Скопје, Работнички беше екипата која имаше водство во текот на првата четвртина. Сепак, пред крајот на полувремето, Фени Индустри успеа да искористи неколку грешки во нападот на Работнички и со серија од 11:2 замина на одмор со предност од 50:44.

Центрите на Работнички, Немања Јелесијевиќ (поради лични грешки) и Мохамед Абукар (поради повреда) не му беа на располагање на тренерот Рајковиќ во завршницата, додека кај Фени расположените Бојан Трајковски и Никола Вучуровиќ заедно погодија осум тројки за високи плус 14 поени на шест минути до крајот. Работнички со поагресивна одбрана се доближи до четири негатива, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Бојан Трајковски со 37 постигнати поени беше најдобар поединец на натпреварот и носител на победата на Фени, а импресивна партија одигра и Никола Вучуровиќ кој заврши со 25 поени.

Кај Работнички, најефикасен беше Ненад Зивчевиќ со 24 поени.

Вечерва се играат и преостанатите два четвртфинални натпревари во кои Кожув се среќава со Вардар, а Лирија со Куманово.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он