Фени домаќин на Пелистер

Од:

Екипата на Фени Индустри денеска од 17 часот во Кавадарци го пречекува Пелистер Спорт во првиот натпревар од 9. коло на Првата македонска кошаркарска лига.

Во овој натпревар Фени Индустри влегува како апсолутен фаворит и ќе има можност со евентуална победа против последнопласираната екипа на табелата, да ја прекине серијата од два пораза по ред.
Другите три средби од оваа рунда се закажани за в сабота. Двојките се: Вардар – Струмица, Лирија – Работнички и Кожув – Куманово.

Табела: Кожув 14 бодови, Куманово 14, Лирија 13, Струмица 13, Фени Индустри 13, Работнички 12, Вардар 9 и Пелистер Спорт 8.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он