Холандскиот напаѓач Винсент Јансен ќе помине една година во Фенербахче како позајмен играч, потврди денес клубот од Истанбул.
Фенербахче првично сакаше привремено да го донесе Диего Коста од Челзи, но на крајот се одлучи за друг фудбалер од Лондон.
Јансен не влезе во плановите на Маурисио Покетино, дури не бил пријавен меѓу 25-те за Лигата на шампионите.
Поради тоа 23-годишниот напаѓач на последниот ден од преодниот рок во Турција се определи за Фенербахче.
Јансен минатото лето пристигна на „Вајт Харт Лејн“ како најдобар стрелец во Холандското првенство, но не ги оправда очекувањата и постигна само два погодока на 24 натпревари од Премиер лигата.