Турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче ќе му гостува на Работнички во рамки на закажаната пријателска пресметка.
Антиќ се одлучи да придонесе за вистински спектакл во главниот град, а истото го потврди и на својот офицјален фејсбук профил.
„Официјално! На 30. септември се гледаме во Скопје… Фенербахче vs. Работнички.
Нешто ново за сите вистински љубители на кошарката. Вториот тим во Европа, против мојот матичен клуб и тоа за неговиот 70. роденден. Не прашувајте ме повеќе“, истакна на својот фејсбук статус, кошаркарската легенда, Перо Антиќ.