Федерер ззгуби од 175. тенисер во светот

Од:

Роџер Федерер е елиминиран од Мастерс турнирот во Мајами, откако уште во вториот круг беше совладен од Австралиецот Танаси Кокинакис во три сета.

Минатогодишниот победник на турнирот загуби со 6:3, 3:6, 6:7 од Кокинакис, кој е на 175 место на АТП листата.

Австралиецот стана првиот тенисер кој е толку ниско на АТП листата, што по 15 години го победува актуелниот број еден во светот.

Последно, оваа непријатна судбина го снајде неговиот сонародник Лејтон Хјуит во 2003 година, кога беше елиминиран од 178-от во светот Франсиско Клавет.

Но, лошата вест за Федерер не е само тоа. Изгубените поени во Мајами ќе го чини лидерската позиција на ранг-листата. На неа ќе се врати Рафаел Надал, кој не играл од Австралија Опен.

Федерер дополнително објави дека нема да игра барем до средината на јуни месец, со што ќе го пропушти и Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест