Федерер утре во Доха се враќа на теренот по пауза од 13 месеци

Од:

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер, по 13-месечна пауза, утре ќе се врати на тенискиот терен со настап во второто коло на АТП турнирот во Доха, во кое за противник ќе го има Даниел Еванс.

Британскиот тенисер закажа дуел со Федерер, откако денеска триумфираше во првото коло против Французинот Жереми Шарди со 6:4, 1:6, 6:2.

За поранешниот најдобар светски тенисер пресметката против Дејвис ќе биде прв меч по полуфиналето на Австралија Опен, на 30 јануари минатата година, против прворангираниот на АТП листата Новак Ѓоковиќ.

Турнирот во Доха е од серијата 250 и се игра за вкупен награден фонд од 787.930 долари.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест