Рожер Федерер, по којзнае кој пат го демонстрираше својот беспрекорен професионализам. Швајцарецот не престанува да тренира и да ја одржува физичката форма, дури и додека сезоната е во прекин и сите се на одмор.
Тенисерот редовно објавува фотографии од своите активности. „Време е за малку вежбање за време на одморот,” објасни Рожер.
Пред извесно време 31-годишниот Федерер објави дека има намера да се натпреварува до Олимписките игри во Рио де Жeнеиро во 2016-та и со своето однесување покажува дека овие негови намери се навистина сериозни.
Освен тоа Федерер вети во следните денови дека ќе ги зарадува навивачите со уште фотографии од активностите надвор сезоната.
Инаку Федерер планира да ја стартува сезоната во 2013-та на Отвореното првенство на Австралија. Пред тоа, тој најверојатно ќе учествува на егзибициони натпревари во Јужна Америка.