Вториот тенисер во светот, Швајцарецот Роџер Федерер денес изјави дека е среќен што Шпанецот Рафаел Надал се врати на теренот, по седуммесечната пауза, поради повреда на коленото.
Го видов вчера по тренингот и бев многу среќен што е тука. Не бевме во контакт, мислам дека сакаше да побегне од се и потполно го разбирам – изјави Федерер.
Петиот тенисер на светот Надал на почетокот на февруари се врати на теренот. Веќе освои два турнира, а на еден стигна и до финалето.
Мило ми е што го освои турнирот во Акапулко и добро е што игра на турнирите на тврда подлога – изјави Федерер кој во моментов игра на турнирот во Индијана Велс.