На задоволство на вљубениците во тенисот Швајцарецот Роџер Федерер ќе се врати на терени на почетокот на 2017 година.
Информацијата ја пренесе американската телевизиска компанија „Еспн“ која информираше дека Федерер ќе биде подготвен за настап на Хофман Купот, кој ќе се игра во Перт на почетокот на новата година односно од 1 до 7 јануари 2017, а е увертира на првиот Гренд слем, Австралија опен.
Некогаш најдорбиот светски тенисер Федерар успешно се опоравува од операцијата на коленото, повреда поради која го пропушти УС Опен. Последен меч кој го одиграл 35-годишниот Швајцарец е полуфиналето на Вимблдон, во кое загуби од Милош Раониќ., по што замина на операција, што значеше и крај на оваа сезона.
Федерар кој во својата кариера има 17 титули од Гренд слем турнирите во Перт ќе настапи заедно со Белинда Бенчиќ и ќе се обиде да го освои турнирот.