Федерер се повлече од турнирот во Дубаи

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на Твитер објави дека одлучил да не учествува на АТП турнирот, што ќе се одржи во Дубаи од 14-20 март.

– Беше одлично да се вратам на турнири, уживајќи во секоја минута од играта во Доха. Сега е подобро да се вратам на тренинзите, па решив да се повлечам од турнирот во Дубаи, напиша Федерер.

Во средата, 39-годишниот Швајцарец го одигра својот прв натпревар по пауза од 13 месеци, поради повреда на коленото. Федерер со резултат 7:6 (10:8), 3:6, 7:5 го победи Британецот Даниел Еванс во второто коло на АТП турнирот во Доха. Во четвртфиналето вчера Федерер загуби од Грузиецот Николоз Басилашвили (6:3, 1:6, 5:7).

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи