Федерер: Публиката ме поддржа кога имав криза

Од:

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер истакна дека е задоволен од победата над Жил Симон од Франција во четвртфиналето на турнирот во Базел.

– Жил секогаш се враќа во игра, но сепак пронајдов начин да го победам и поради тоа сум среќен. Навистина уживав во натпреварот. А играњето пред домашна публика дополнително ме мотивираше. Кога публиката почувствува дека имам криза во играта ме поддржа, наведе Федерер.

Тој го совлада Симон со 7:6, 4:6, 6:4, а во меѓусебните дуели сега швајцарскиот тенисер води со 7-2.

Федерер во полуфиналето ќе се соочи со рускиот тенисер Данил Медведев.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест