Федерер преку Надал до трофејот во Мајами

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер синоќа го победи Рафаел Надал во финалето на Мастерсот во Мајами. Федерер славеше со 2-0 во сетови.

Првиот сет Федерер го доби со 6:3 во гемови, а во вториот беше 6:4. Во меѓусебните мечеви Шпанецот и натаму е во водство, но сега разликата е едноцифрена – 23:14.

Федерер по трет пат го освои турнирот во Мајами, Надал по петти пат е поразен во финалето на овој Мастерс.

Воедно за Федерер ова беше вкупно 91. трофеј во кариерата и 26. од АТП Мастерс 1.000 сериите.

На прес-конференцијата по финалето, Федерер најави подолга пауза од терените.

– Најверојатно нема да играм на земјени терени со исклучок на Грен слемот во Париз, Ролан Гарос, изјави швајцарскиот тенисер.

Ова значи дека тој ќе ги пропушти турнирите од Мастерс серијата во Монте Карло, Мадрид и Рим.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ