Федерер потешко од очекувањата избори полуфинале во Хамбург

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер кој е прв носител на АТП турнирот во Хамбург одигра тежок четвртфинален меч со домашниот тенисер Флоријан Мајер (Германија) и победи тесно со 7:6(4), 3:6 и 7:5.

Противник на швајцарскиот тенисер на патот кон финалето ќе му биде Федерико Делбонис (Аргентина) кој со пресврт во четвртфиналната фаза го елиминира Фернандо Фердаско (Шпанија) 6:7(5), 7:6(8) и 6:4.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Фабио Фонињи (Италија) и Николас Алмагро (Шпанија).
Фонињи во четвртфиналето беше поуспешен од вториот носител Томи Хас (Германија), додека Алмагро го елиминира Хуан Монако (Аргентина).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ