Федерер победник во Базел, Пуил во Виена

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер триумфираше на турнирот во родниот град Базел, а Французинот Лука Пиул победи на турнирот во Виена.

Федерер по голема борба и меч во три сета го совлада Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 2-1 во сетови. Првиот сет му припадна на Дел Потро во тај брекот со 7:6 (7:5), додека Федерер ги доби следните два сета со 6:4 и 6:3. Ова за него беше осма победа на турнирот во Базел во 13.то финале.

Федерер има освоено 95.титули во кариерата и се наоѓа на второто место на вечната листа, зад Џими Конорс со 109.
За Дел Потро ова беше прв пораз во финале во Базел откако победи претходно во 2012 и 2013 година.

На турнирот во Виена во мечот на француските тенисери Пуил го совлада Жо-Вилфред Цонга со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4). Ова е четврта турнирска победа за Пуил, а трета во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест