Федерер победник на Австралија Опен

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер е победник на Австралија Опен откако во финалето во Мелбурн го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 3-2 во сетови (6:4; 3:6; 6:1; 3:6 и 6:3 во гемови). Финалниот меч траеше 3 часа и 37 минути.

Федерер водеше двапати во текот на мечот, а Надал успеваше да изедначи. Решавачкиот сет почна со водство на Надал од 3:1 во гемови, Федерер направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:3.

Ова за Федерер беше петта титула освоена во Мелбурн или вкупно 18-та Грен слем титула во кариерата.

Во меѓусебните мечеви со Надал ова му беше 12. победа во 35. меч.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ