Федерер планира и следната година да игра на Вимблдон

Од:

Швајцарскиот тенисер и седумкратниот освојувач на Вимблдон, Роџер Федерер по елиминацијата на Грен слемот во Лондон од Милош Раониќ, изјави дека повторно ќе настапи на овој престижен турнир.

Тој додаде дека не мисли дека ова е последен Вимблдон за него, и изрази надеж дека тој ќе се врати на централниот терен.
– Се уште имам амбиции по осми пат да го освојам Вимблдон. Тоа не е единствената причина поради која уште ќе настапувам. Има и други нешта кои сакам да ги постигнам во тенисот, но не се откажувам и од овој трофеј. Одиграв десет сетови во последните два меча и тоа е показател дека сум во подобра форма отколку што мислев, нагласи Федерер.

Швајцарскиот тенисер вчера со 3-2 загуби од Милош Раониќ во полуфиналето на Вимблдон, а како главна причина за поразот ја наведе незгодата во петтиот сет.

– Не знам од каква природа е повредата. Дури и не сакам да знам. Не се чувствував исто после падот. Не ги искористив доволно своите шанси. Можеби и јас можев да направам повеќе брејк поени. Разочарувачки крај за мене, изјави Федерер.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен