Федерер: Никој како Рафа и јас!

Од:

Освојувачот на 17 Грен слем титули, Роџер Федерер изјави дека никогаш во историјата не постоело, ниту ќе има ривалство како неговото со Рафаел Надал.

„Ниту едно ривалство не може да се мери со нашето, дури ни Борг – Мекинро, кои исто така имаа различни карактери, а едниот беше левак“, започна Роџер да ја објаснува констатацијата дека тој и Надал ја обележаа првата деценија на 21. век и дека сега главната игра ја водат Ѓоковиќ и Мареј.

„Мареј и Ѓоковиќ се многу слични. Рафа и јас сме потполно спротивни во се и затоа нашето ривалство им беше толку привлечно на навивачите. Нашето ривалство не е завршено, се надевам дека ќе се врати на голема сцена затоа што ми недостига“, вели Федерер.

Швајцарецот се надева дека до крајот на кариерата ќе освои уште некоја Грен слем титула.

„Јасно е дека сега на најголемите турнири не одам како фаворит, иако претходно бев. Мареј, Ѓоковиќ и Надал доаѓаат во Њујорк и се убедени дека ќе триумфираат. Знам дека и јас би можел тоа да го сторам, но претходно морам да се докажам на самиот себе си, да си ја вратам самодовербата, а до тоа се стигнува само преку победите. Затоа и мислам дека ми беше грешка тоа што се одмарав шест недели до Монтреал“, рече Федерер.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ