Федерер нема да игра во Монтреал

Од:

Роџер Федерер на официјалниот профил на социјалната мрежа Facebook најви дека ќе го пропушти турнирот во Монтреал следната недела.

„Тоа е прекрасен турнир со неверојатни фанови. Очекувам со нетрпение да се натпреварувам таму во блиска иднина”, напиша уште Швајцарецот. Повредениот Федерер беше елиминиран уште на стартот на Отвореното првенство на Швајцарија во Гштад на 26 јули од 55-тиот во светот Даниел Брандс. Тогаш Федерер откри дека има повреда на грбот во последните недели, што ја ограничува неговата игра.

Швајцарецот, кој уште тогаш најави дека може и да не игра во Монтреал, има само титулата во Хале во оваа сезона, а неодамна беше поразен во полуфиналето во Хамбург од 114-тиот во светот Федерико Делбонис.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ