Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер по победата на вториот меч од финалниот АТП турнир во Лондон го зголеми износот на заработени средства во неговата кариера. Вкупната сума на заработени средства на Федерер до сега изнесува 110.235.682 долари.
Швајцарецот зад себе го остави досегашниот рекордер, американскиот играч на голф Тајгер Вудс кој има заработено 110 милиони 61 илјада и 12 долари.
Со оглед на пласманот во полуфиналето на турнирот во Лондон, Федерер ќе ја зголеми заработката до крајот на оваа година.