Федерер на Вимблдон доби бизарна забрана!

Од:

Бизарна ситуација се случи вчера на вториот натпреварувачки ден од Вимблдон, кога организаторите на престижниот гренслем турнир му наредија на седукратниот шампион Роже Федерер да ги промени своите патики, бидејќи со изразената портокалова боја на ѓонот ги нарушува традиционалните правила на турнирот, на кој натпреварувачите треба да бидат целосно облечени во бела боја.

Останува мистерија зошто на организаторите им пречи бојата на ѓонот на неговите патики, кои се специјално дизајнирани за него на ова натпреварување.

Популарниот швајцарски ас за денешниот дуел од второто коло против Украинецот Сергеј Стакховски ќе мора да носи други патики, доколку не сака да добие казна.

Од друга страна, истите организатори не реагираа на патиките на Серена Вилијамс, која има изразени портокалови делови на горната страна, вклучувајќи го и логото на Најки. Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро игра со патики кои се црни одоздола.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ