Федерер ја започна 2019-та со победа за 57-минути

Од:

Роџер Федерер ја започна новата 2019 година со победа за само 57 минути против Американецот Франсоа Тиафо. Двајцата се сретнаа на првиот натпревар меѓу Швајцарија и САД од групата „Б“ на неофицијалното Светското првенство во тенис за мешани тимови, а Швајцарецот победи со 6:4, 6:1.

Триесет и седум годишниот носител на 20 Гренд-слем титули забележа 13 аса на неговата сметка и покажа многу силна игра во втората половина од натпреварот. Федерер и Тиафо ги освоија своите сервиси до 4:4 во првиот сет, по што Маестро одеднаш презеде целосна контрола над она што се случува на теренот во Перт, земајќи седум последователни гема.

Така за помалку од еден час Федерер ја постигна втората победа во сингл на турнирот и успеа да сочува сили за претстојниот подоцна денес натпревар во мешани двојки, во кој ќе има своевиден судир меѓу двајцата најуспешни активни спортисти – Федерер во швајцарскиот тим и Серена Вилијамс во американскиот.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест