Федерер има намера да игра на Австралија опен

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го заврши закрепнувањето од две операции на повреденото колено и ги започнува подготовките за следната сезона.

Триесет и деветгодишниот Федерер ова го соопшти во интервју за швајцарскиот магазин „Schweizer Illustrierte“.

– Јас сум на вистинскиот пат. Постепено ја враќам формата, но не форсирам. Ќе се вратам на мечевите само ако сум сто проценти подготвен. Во моментов мислам дека ќе бидам во таква форма за Австралија опен во јануари 2021 година, кажа сопственикот на 20 титули од Грен слем турнирите.

Федерер не учествуваше на натпревари од февруари годинава, паузирајќи од здравствени причини.

Би можело да ве интересира

Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ