Федерер и Надал за трофеј во Рим

Од:

За својата седма титула во „вечниот град“, Надал ќе се бори против Роџер Федерер, кој го победи Беноа Пер со 7:6 (7-5), 6:4.

Федерер беше далеку од својата најдобра игра, но успеа да го совлада Пер. Французинот во седмиот гем од првиот сет, прв направи брејк, но Роџер веднаш возврати со иста мерка.

federer-rim-finale18maj1

Се влезе во тај брејк во кој и двајцата направија многу грешки, а Федерер на искуство го доби со 7-5.

На стартот на вториот сет, Швајцарецот направи брејк, а во шестиот гем спаси две последователни брејк шанси и до крајот без проблеми го заврши мечот.

За Роџер ова е прво финале годинава.

Од вкупно 29 меѓусебни дуели Федерер има победено 10 пати.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ