Роџер Федерер, Енди Мари и Жо-Вилфред Цонга, со победи стартуваа на тенискиот грен слем во Мелбурн.
Швајцарскиот ас, кој е втор носител на АО, за нешто помалку од 90 минути, во три сета 6:2, 6:4, 6:1 го совлада Беноа Паре од Франција.
Федерер, во второто коло ќе игра против победникот од мечот помеѓу Николај Давиденко и Дуди Села.
Цонга, седмиот носител на турнирот во три сета го победи сонародникот Микел Љодра со 6:4, 7:5, 6:2.
Убедлив старт на терените во Мелбурн, имаше и еден од најголемите фаворити за титулата, победникот на УС Опен, Енди Мари. Британецот на Робин Хасе му препушти само седум гема во трите сета (6:3, 6:1, 6:3).
Од носителите во три сета првото коло го минаа Филип Колшрајбер и Милош Раониќ, додека настапот во првото коло го заврши 29-от фаворит Томас Белучи, кој убедливо беше поразен од Словенецот Блаж Кавчиќ.