Федерер и Чилиќ изборија пласман во четвртфиналето на Вимблдон

Од:

На терените на Вимблдон денеска се играат мечевите од осминафиналето, а кај мажите завшија и првите два меча и познати се четвртфиналистите.

Повеќекратниот шампион на овој турнир, Рожер Федерер го победи Стив Џонсон со 3-0 во сетови (6:2; 6:3 и 7:5), а негов ривал во четвртфиналето ќе биде Марин Чилиќ.

Тој за влез меѓу осумте најдобри на Вимблдон се избори откако неговиот ривал Кеи Нишикори го предаде мечот поради повреда при водство на Чилиќ од 6:1 во првиот сет и 5:1 во вториот сет.

Кај жените завршија четири мечеви: Анастасија Павличенкова ја победи Коко Вандервеге со 2-0 во сетови (6:3 и 6:3), а Доминика Цибулкова ја елиминира третата носителка Агнешка Радванска со победата од 2-1 во сетови (6:3; 5:7 и 9:7). Шампионката од Австралија Опен, Анжелика Кербер ја победи Мисаки Дои со 2-0 во сетови (6:3 и 6:1), а Јарослава Шведова беше подобра од Луси Сафарова со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4).

Другите мечеви од осминафиналето се во тек или ќе се играат до крајот на денот.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен