Федерер го победи Јановиќ за пласман во полуфинале во Рим

Од:

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на мастерс турнирот во Рим, совладувајќи го Полјакот Јержи Јановиќ со 2:0 во сетови – 6:4, 7:6 (7:2).

Противник на моментално третиот тенисер во светот, во полуфиналето ќе му биде Французинот Пер Беноа.

Во второто полуфинале ќе се сретнат бранителот на титулата, Рафаел Надал и чешкиот тенисер Томаш Бердих.

Надал беше подобар од Давид Ферер – 6:4, 4:6, 6:2, а Бердих неочекувано го победи првиот рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, исто така во три сета – 2:6, 7:5, 6:4.

Мастерсот во Рим се игра за вкупен награден фонд од 3,2 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех