Федерер го победи Ѓоковиќ и го елиминираше од завршниот турнир во Лондон

Од:

Освојувачот на 20 Гренд-слем титули, Роџер Федерер ја оствари својата 22-ра победа во 49-тиот судир со Новак Ѓоковиќ и се квалификуваше во полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон. Маестро беше совршен и го скрши отпорот на неговиот славен ривал по 6:4, 6:3.

За прв пат од 2015 година, големиот Швајцарец го совлада Ноле, кој пак го напушта финалето на АТП и се збогува од шансата да го смени Рафаел Надал од врвот на светската ранг-листа. По петти пат во својата кариера, Рафа ќе ја заврши сезоната како бр.1.

Во 2015 година, во групите во Лондон беше последната победа на Федерер над Ѓоковиќ, кој имаше серија од пет успеси над денешниот ривал, вклучувајќи го и годинашното легендарно финале на „Вимблдон“.

Другите полуфиналисти ќе станат јасни утре, откако Доминик Тим и Федерер продолжуваат напред од групата „Бјорн Борг“.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ