Федерер го откажа настапот во Париз

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го откажа учеството на последниот Мастерс турнир оваа сезона што ќе се игра во Париз. Тој по освојувањето на трофејот во Базел ја соопштил одлуката со која ги разочара своите навивачи, како и организаторот на престижниот париски турнир.

– На крајот од мечот против Дел Потро тој беше наводно повреден. Имал болки во грбот, болки по целото тело. Можете да замислите колкаво е моето разочарување и фрустрација. Разговарав со неговиот агент кој ми кажа дека Роџер сака да закрепне. Тажен сум, бидејќи се беше подготвено да ги дочекаме Роџер и Рафа. За жал, Рафа сега ќе биде сам. Има и други големи шампиони, но уверен сум дека навивачите на Роџер во Париз ќе бидат многу разочарани, изјави Ги Форже, директор на Мастерсот во Париз.

Прифаќам дека секој си донесува одлуки, но исто така, секој знае колку луѓе би сакале да го видат Роџер на теренот, а сега тој нема да може да се случи, додаде разочараниот Форже.

Со одлуката Федерер да го откаже учеството во Париз, ја загуби и шансата годината да ја заврши на првото место на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест