Првото коло на Отвореното првенство на САД во тенис минува без изненадувања и на вториот ден од мечевите.
Единствената елиминација ја доживеа Даниела Цибулкова која загуби од Американката Белис со 2:1 во сетови. Серена Вилијамс беше сигурна во мечот од првото коло и загуби само 4 гема. Од фаворитките Петра Квитова славеше со 2:0, додека Викторија Азаренка со 2:1 избори пласман во следното коло.
Кај мажите Федерер не дозволи изненадување и го победи Маринко Матошевиќ. Од другите носители пласман обезбедија и Давид Ферер, кој победи со 3:1 во сетови, додека Французите Гаел Монфилс и Жил Симон постигнаа победи од 3:0 во сетови.
Денеска на програмата се мечевите од првото и од второто коло во двете конкуренции.