Канадската репрезентација го објави списокот од 18 кошаркари на кои смета за Мундобаскетот, шест ќе отпаднат, а веќе е јасно дека селекторот Фернандез ќе има огромен проблем да ја отпише шестката.
Жилгес-Александер е едно од трите најголеми имиња, човекот имаше 31 поен по натпревар во претходната сезона за Оклахома. Друго име е Џамал Мареј, освојувач на НБА прстен, човекот кој му го чува грбот на најдобриот кошаркар на планетата Никола Јокиќ и кој во претходната сезона имаше по 20 поени по натпревар.
Третото име е Џеј Џеј Барет, кошаркарот на Никс кој блескаше во претходната сезона во која имаше 19,6 поени по натпревар.
Еве ги сите имиња:
Дилион Брукс (Хјустон), Ошеј Брисет (Бостон), Лугенц Дорт (Оклахома), Никел Александар-Вокер (Минесота), Кори Џозеф (Голден Стејт), Кели Олиник (Јута), Двајт Пауел (Далас), Кајл Александар (Валенсија) , Тре Бел-Хејнс (Сарагоса), Зак Едеј (Билмејкерс), Мелвин Еџим (Уникаха), Кевин Пангос (Олимпија Милано), Касиус Робертсон (Скарборо), Филип Шруб (Нијагара), Томас Шруб (Отава).