Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ се сретна со голем број фанови на аеродромот во Лос Анџелес.
Како што веќе е познато, 36-годишниот напаѓач неодамна се раздели со Манчестер Јунајтед и се приклучи на американскиот клуб Лос Анџелес Галакси.
Ибра може да го има своето деби уште во дербито на Лос Анџелес ФК, кое е денеска на програмата.
Ветеранот првпат во својата кариера ќе игра за клуб надвор од Европа, откако на Стариот континент смени многу познати тимови и освои над 30 трофеи.
Ибрахимовиќ во Европа го носеше дресот на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а има и 116 натпревари и 62 гола за репрезентацијата на Шведска.