Европскиот кошаркарски шампион на колена

Од:

На вториот ден од Евробаскетот се играат натпреварите од првото коло во групите Ц и Д.

Најголемата сензација се случи во групата Ц, Грузија ја шокираше Шпанија (83:69), актуелниот европски шампион.

Избраниците на селекторот Александар Џикиќ целосно ги надиграа очајните Шпанци и со тоа веќе направија голем чекор кон нокаут фазата. Џикиќ целосно го надмудри легендарниот Серџо Скариоло.

Грузија го отвори натпреварот брилијантно и целосно го изненади тимот на Скариоло. Во еден момент имаа плус 10 (19:9), но Шпанците сепак успеаја да ја стопат предноста до крајот на првиот период (17:20).

Многу лоша кошарка во вториот период. Шпанците изгледаа многу раскинато и надвор од контакт и ќе биде вистинско чудо ако направат поголем резултат на ова првенство. На полувремето, Грузијците имаа плус 2 (37:35).

Грузија го отвори вториот дел со 5:0 за 42:35, а во 23-тата минута имаше 46:38. Сепак, црвената фурија“ не се предаде и многу брзо се приближува кон 44:46. Потоа следеше тајм-аут на Џикиќ, по што Грузија повторно оди на плус 9 (53:44). Пред последните 10 минути, резултатот беше 57:49.

Грузијците имаа плус 10 и во четвртиот период, но потоа Шпанците направија серија од 7-0 за да се вратат во натпреварот.

Како Грузијците да се плашеа од победа. Сепак, го одбија тој напад и ги консолидираа своите редови на крајот од натпреварот. На пет минути до крајот, имаа големи 67:58. Потоа Битадзе постигна пет поени за 72:60 и тоа беше крајот на надежите за Шпанија, која беше целосно потоната.

Александар Мамукелашвили се истакна во победничкиот тим со 19 поени, 7 скока и 5 асистенции, како и Гога Битадзе (15), Торника Шенгелија (13), Болдин (12) и Дуда Санадзе (11).

За Шпанија, Сантијаго Алдама беше подобар од другите со 12 поени, додека Хуанчо Ернангомез имаше 13.

Во следното коло, Шпанија игра против Босна и Херцеговина, а Грузија против Италија.

Би можело да ве интересира

Турција ја „згази“ Грција во полуфинале на Евробаскет

А1он

Германија е прв финалист на Евробаскетот

А1он

За пласман во четврт-финале грузиските кошаркари ќе поделат 948.000 евра

А1он

ВИДЕО: Дончиќ шоу на Еуробаскет, со 42 поени против Италија ги одведе Словенците во четвртфинале

И Грузија направи сензација и ја елиминираше Франција во осминафиналето на Евробаскет 2025

Драма пред кошаркарскиот натпревар Србија – Финска, дојава за бомба, вонредна состојба и блокада на салата

А1он