Евролигата воведува новина која не им одговара на најбогатите

Од:

Кошаркарската Евролига од наредната сезона ќе воведе таканаречен данок на луксуз, нешто што постои во НБА лигата уште од 2002 година.

Ова ново правило им оди во прилог на посиромашните клубови во најсилното клупско натпреварување во Европа. Луксузната такса во НБА ја плаќаат сите оние клубови кои го надминуваат лимитот доволен за плати на кошаркарите. Во Евролигата не постои ограничување за висина на платите, но се бара начин како да се дојде до фер-плеј трошење.

Некои клубови од Евролигата, пред сè Барселона и Химки, летово потрошија многу пари за засилувања, па во иднина ако сакаат да се луксузираат ќе треба и дополнително да платат за тоа, со цел да се спречи тоа безмилосно трошење со кое одредени клубови се ставаат во нерамноправна позиција во однос на другите.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос