Евролига: Победа за Олимпијакос, пораз за Фенербахче Улкер

Од:

Победа за Перо Антиќ со Олимпијакос и пораз за Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче Улкер е епилогот по одигрувањето на натпреварите од 9.коло во Евролигата на екипите за кои настапуваат македонски репрезентативни кошаркари.

Антиќ за 14 минути постигна два поени за грчкиот тим, додека Мекејлеб одигра 33 минути и постигна 10 поени за Улкер.

Резултаи на завршените натпревари од 9.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата: Бешикташ – Олимпијакос 60:79, Каха Лаборал – Макаби 62:66, Реал Мадрид – Бросе Баскетс 76:73, Монтепаски – Фенербахче Улкер 87:69 и Барселона – Химки 71:69.

Вечерва играат: ЦСКА Москва – Алба Берлин, Уникаха – Жалгирис и Панатинаикос – Анадолу Ефес.

Табела Е група: Реал Мадрид 8-1 (победи-порази), Анадолу Ефес 7-1, ЦСКА Москва 5-3, Панатинаикос 5-3, Уникаха Малага 4-4, Жалгирис 3-5, Алба Берлин 1-7 и Бросе Басктес 0-9.

Табела Ф група: Барселона 8-1 (победи-порази), Монтепаски Сиена 7-2, Олимпијакос 6-3, Химки 5-4, Макаби 4-5, Каха Лаборал 4-5, Фенербахче Улкер 2-7 и Бешикташ 0-9.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он