Евролига: Петто коло на програмата

Од:

ЦСКА Москва – Барселона е дерби натпреварот во петтото коло, во кошаркарската Евролига. Двата тима во пресрет на дуелот влегуваат со максимален учинок, четири победи во исто толку натпревари.

Во Д групата, партиципира и Литвос Ритас на македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски, литванскиот тим на домашен терен ќе го пречека турскиот Бешикташ.

Покрај Самарџиски на паркетот во Евролигата ќе се појават Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб. Антиќ, член на европскиот првак Олимпијакос, во Ц групата, ќе гостува во Милано кај Армани. Во Италија ќе гостува и Мекејлеб со Фенербахче, во рамките на А групата турскиот тим ќе игра во Канту.

Четврток, 8. ноември:

Група А:
Канту-Фенербахче

Група Б:
Шалон-Уникаха
Алба-Макаби

Група Ц:
Армани Милано-Олимпијакос

Група Д:
ЦСКА-Барселона
Лијетувос Ритас-Бешикташ

Петок, 9.ноември:

Група А:
Панатинаикос-Химки
Унион Олимпија-Реал Мадрид

Група Б:
Проком-Монтепаски

Група Ц:
Цедвита-Каха Лаборал
Анадолу Ефес-Жалгирис

Група Д:
Партизан-Бамберг.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он