Евролига кошарка: Победа за Антиќ, порази за Мекејлеб и Самарџиски

Од:

Во кошаркарската Евролига синоќа беа одиграни шест натпревари, а од македонските репрезентативци кои настапуваат во ова елитно натпреварување, само Перо Антиќ со Олимпијакос забележа победа. Лестер Бо Мекејлеб и Предраг Самарџиски со нивните клубови, Фенербахче Улкер, односно Литвос Ритас беа поразени.

Учинокот на Антиќ беше 7 пеоени и 4 скокови за 23 минути игра, 7 поени постигна и Самарџиски со 5 остварени скокови за 20 минути игра, додека Мекејлеб за 16 минути реализира само една тројка.

Двојки и табели по групи:

Група А: Канту – Фенербахче 82:58, Унион Олимпија – Реал Мадрид и Панатинаикос – Химки (денеска).
Табела: Реал Мадрид 3-1 (победи-порази), Фенербахче Улкер 3-2, Панатинаикос 2-2, Химки 2-2, Канту 2-3, Унион Олимпија 1-3.

Група Б: Елан Шалон – Уникаха Малага 78:88, Алба Берлин – Макаби 76:78 и Асеко Проком – Монтепаски (денес).
Табела: Макаби 5-0, Уникаха 4-1, Алба Берлин 2-3, Монтепаски 1-3, Асеко Проком 1-3 и Елан Шалон 1-4.

Група Ц: Армани – Олимпијакос 71:84, Цедевита – Каха Лаборал и Анадолу Ефес – Жалгирис (денес).
Табела: Жалгирис 4-0, Анадолу Ефес 3-1, Олимпијакос 3-2, Армани 2-3, Каха Лаборал 1-3 и Цедевита 0-4.

Група Д: ЦСКА Москва – Барселона 60:81, Литвос Ритас – Бешикташ 67:73 и Партизан – Бамберг (денес).
Табела: Барселона 5-0, ЦСКА Москва 4-1, Бешикташ 3-2, Бамберг 1-3, Литвос Ритас 1-4 и Партизан 0-4.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он