Еванс: Еден ден ќе им кажувам на внуците дека сум го победил Ѓоковиќ

Од:

Монако, 15 април 2021 (МИА) – Британецот Даниел Еванс изјави по денешниот триумф над најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дека остварил огромна победа до која стигнал благодарение на вербата во сопствените можности.

– Ова е навистина голема победа и јас сум пресреќен. Мора да верувате дека можете да победите, тоа е најважната работа“, изјави Еванс.

Британскиот тенисер го победи Ѓоковиќ во третото коло на Мастерс турнирот во Монте Карло со 6:4, 7:5, нанесувајќи му го на Србинот првиот пораз сезонава.

– Веројатно сè уште не сум свесен, не можев да поверувам дека последното топче ја мина мрежата. Еден ден ќе им раскажувам на моите деца и внуци дела го победив најдобриот тенисер на светот, изјави Еванс, кој во моментот е 33. рангиран на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест