Евакуација на населението во Централна Америка поради ураганот Иота

Од:

Ураганот Иота денеска ја достигна највисоката петта категорија, неколку часа, пред да ја погоди Централна Америка.

– Иота е пропратен со ветрови со брзина од 260 километри на лас и е опасен по животот на луѓето во Централна Америка, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) со седиште во Мајами.

Ураганот му се заканува на делови на Хондурас и Никарагва со обилни дождови и разорни ветришта, како и опасен пораст на нивото на морето, предупредија американските метеоролози.

Хондурас, Гватемала и Никарагвапочнаа да го евакуираат населението поради ураганот Иота.

Ураганот Иота поминува низ истата рута како и ураганот Ета, која пред околу две седмици ја погоди Централна Америка, при што загинаа повеќе од 200 луѓе, а стотици илјади лица останаа без домови. Ета предизвика голема материјална штета на инфраструктурата. При налетот на Ета настрадаа околу 2,5 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија

Мексико се подготвува за ураганот Розлин