Еурофарм Работник во третиот шешир пред ждрепката во ЕХФ Купот

Од:

Македонскиот претставник во ЕХФ купот, тимот на Еурофарм Работник е сместен во третиот шешир пред ждрепката за групната фаза закажана за в четврток (29 ноември) во 11:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација.

Заедно со Еурофарм Работник во третиот шешир се: Куенка (Шпанија), Ст. Рафаел (Франција) и Кил (Германија), па овие екипи нема да му бидат ривали на нашиот тим.

Изгледот на другите три барабани е:

Прв шешир: Гранољерс (Шпанија), Фуксе Берлин (Германија), Хановер-Бургдорф (Германија), Порто (Португалија).

Втор шешир: Холстебро (Данска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Татабања (Унгарија), Азоти-Пулави (Полска).

Четврти шешир: Нексе Нашице (Хрватска), ГОГ Гудме (Данска), Балатонфуреди (Унгарија), Доброгеа Суд Констанца (Романија).

Натпреварите од групната фаза почнуваат на 9/10 февруари, а ќе завршат на 30/31 март идната година по што ќе следуваат завршните пресметки.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир